ВМФЛ фото на колото: Брегалница ја освои Автокоманда

1423

Второлигашкиот шампионат на Македонија од денеска доби една сосема нова димензија. Дури три екипи се на самиот врв со по 52 бода. А тоа се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново, додека Скопје има 50 бодови.

Целата оваа невидена „збрка“ ја предизвикаа штипјани кои што денеска победија во големото дерби против Скопје на Автокоманда со конечни 0:1.

Стрелец на единствениот гол беше Талески во 41. минута, а потоа домашните не успеаа резултатски да се вратат.

По мечот нормално победничка фотографија на Брегалница која несомнено е фото на колото во оваа конкуренција.

 

ПретходноСедло диригираше победа, Фабиани ја „студираше“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМиовски со гол во победата на Ренџерс (ВИДЕО)