Дури сега ќе е „брканица“ во ВМФЛ: Брегалница со три бода на Автокоманда (ВИДЕО)

612

Како „планина“ голема победа на тимот на Брегалница попладнево во најновото коло од ВМФЛ шампионатот.

Штипјани денеска со 0:1 беа подобри од тимот на Скопје на Автокоманда. Со голот на Талески, избраниците на Влатко Костов направија мини сензација, и со тоа го направија овој второлигашки шампионат уште поинтересен и понеизвесен до крајот.

Од друга страна Охрид со 3:0 на свој терен го совлада Новаци, додека пак Беласица кискна со ремито без голови против Осогово во Струмица.

Детонит со 3:2, успеа да го совлада Кожуф, додека Саса со сигурен триумф од 1:4 кај Преспа.

Шкендија Арачиново немаше проблеми против Тетекс и победи со 2:0.

На табелата дури три екипи имаат по 52 бода и се на врвот, а тоа се Охрид, Брегалница и Шкендија Арачиново. Скопје е следен со 50 поени.

ПретходноВардар со пет гола во мрежата на Македонија ЃП (ВИДЕО)
СледноСедло диригираше победа, Фабиани ја „студираше“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)