Одбојкарите на Штип Угд и ГОК Борец обезбедија учество во финалето на плејофот кај мажите откако славеа и на реванш натпреварите од полуфиналната пресметка во разигрувањето за титулата.
Уште попладнево штипјани завршија работа, откако со 3:0 (25:21, 25:12, 25:15) го совладаа Работнички во Скопје и со тоа со вкупни 2:0 обезбедија место во финалната серија.
По освојувањето на куп-титулата штипскиот состав ќе атакува на двојна круна сезонава, а противник ќе им биде токму ривалот од куп-финалето, екипата на ГОК Борец. Велешани го детронизираа долгогодишниот првак Струмица, откако вечерва на гости славеа над струмичани со 1:3.
Тоа значи дека по 7-годишна доминација во машката одбојка, Струмица го напушта шампионскиот трон, а Македонија ќе добие нов првак.










