Шок за Лејкерси: Дончиќ е сериозно повреден, еве колку долго ќе отсуствува од терените

354

Лука Дончиќ, најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс и најдобриот стрелец во НБА, заработи повреда на тетивата од втор степен или делумно кинење за време на вчерашниот натпревар против Тандер, ова го обајви доктор специјалист.

„Дончиќ може да се врати за три недели во најдобар случај, но пореално е тоа да се случи за четири до шест недели. Со оглед на тоа што плејофот започнува за две недели, ова значи дека ќе ги пропушти сите натпревари до крајот на регуларната сезона и првото коло од плејофот. Можеби ќе се врати на крајот од серијата, но со ограничени минути.“

Лејкерс доцна синоќа објавија дека магнетната резонанца ја открила сериозноста на повредата што нивниот ас ја заработил за време на убедливиот пораз на Лејкерс во Оклахома Сити од актуелните шампиони во лигата Тандер (139:96).

Лејкерсите, шампионите на Пацифичката дивизија (50-27), имаат уште пет натпревари до плејофот и ќе мора да го сторат тоа без играчот што НБА го нарекува „движечката сила зад третото место на Лејкерси во Западната конференција“.

Бројни извори сугерираат дека Дончиќ би можел да го пропушти и второто коло од плејофот. Тоа, се разбира, ако Лејкерси го поминат првото коло без својот најдобар играч. Истегнувањата на тетивата од втор степен бараат неколку недели за закрепнување, но Дончиќ има искуство со проблеми со тетивата. Тој пропушти четири натпревари непосредно пред паузата за Ол-стар натпреварите поради уште едно истегнување на левиот тетива, но се врати во поставата по паузата.

ПретходноСрцепарателно: Вдовицата на Диого Жота ја откри својата последна порака до својот сакан!
СледноЧудесна партија на тинејџерот на Далас за историја (ВИДЕО)