Госенс и донесе триумф на Фиорентина во дуелот со Лацио

46

Искусниот, 31. годишен германски интернационалец, Робин Госенс е стрелец на единствениот гол во победата од 1:0 на тимот на Фиорентина во дуелот против Лацио на затворањето на викенд колото во Серија А.

Фиорентина мака мачи да извори опстанок сезонава, а овие три бода и тоа како ќе помогнат во таа насока.

Госенс погоди во 28. минута, а потоа домаќинот се избори до крајот на мечот за трите бода.

Тие пак  велат сега дека Фиорентина има 35 поени и е на 15. позиција на табелата, додека пак Лацио остана на досегашните 44 поени и деветта позиција на табелата.

 

ПретходноФлик: Веруваме во триумф
СледноЛидс со сензационална победа на Олд Трафорд (ВИДЕО)