Вардар или Шкендија? Кој со кого до крајот, комплетен распоред во последните шест кола во битката за титулата!

794

Откако вчера во меч од 27.коло, Струга ТЛ беше поразена од Тиквеш со 1:2 на свој терен, се чини дека тимот на Бледи Шкемби ги загуби шансите, и онака тие беа мали, во битката за титулата. Па така сега Вардар на шест кола до крајот има 65 бодови, Шкендија 64 а Струга ТЛ 56.

По ова сега на шест кола до крајот и дефинитивно битката до последен здив за титулата, остануваат скопските и тетовските „црвено – црни“.

Вардар има бод повеќе, но тимот на Гоце Седлоски е во лоша форма, и кога победува тоа го прави на “туркање“, едвај. Не дека Шкендија е во некоја фантастична форма, оваа Шкендија може и подобро, а има и обврски во Купот, сепак тетовци играат подобро од Вардар. Тука нема дилеми.

Познато е дека Вардар е домаќин на Шкендија во последното коло и веројатно тогаш ќе се решава прашањето за титулата, ако некоја од овие две екипи претходно не направи некој голем кикс. А дека има „мини“ и тоа како има.

Имено Вардар игра во последните шест кола игра со Шкупи (гости), Тиквеш (дома), Башкими (гости), Силекс (дома), Струга ТЛ (гости), Шкендија (дома).

И “мини“ за Вардар се мечевите со Башкими и со Струга ТЛ на гости.

Шкендија до крајот игра со Тиквеш (гости), Башкими (дома), Силекс (гости), Струга ТЛ (дома), Брера (дома), Вардар (гости).

Мини за тимот на Јетон Беќири се Тиквеш и Силекс на гости.

Инаку последен пат битката за титулата во ПМФЛ во последно коло се решаваше во 2013 кога Вардар дома играше со Хоризонт Турново, го победи и тогаш ја освои титулата.

Дали ќе биде така и оваа сезона, останува да се види. И за крај, во случај на ист број бодови, шампион ќе биде онаа екипа која ќе има подобар меѓусебен скор, а засега тој скор е израмнет. Вардар во Тетово победи со 0:1 а Шкендија во Скопје победи со 0:1.

РАСПОРЕД ВО ПОСЛЕДНИТЕ ШЕСТ КОЛА

28.КОЛО

Тиквеш – ШКЕНДИЈА

Шкупи – ВАРДАР

29.КОЛО

ВАРДАР – Тиквеш

ШКЕНДИЈА – Башкими

30.КОЛО

Силекс – ШКЕНДИЈА

Башкими – ВАРДАР

31.КОЛО

ВАРДАР – Силекс

ШКЕНДИЈА – Струга ТЛ

32.КОЛО

ШКЕНДИЈА – Брера

Струга ТЛ – ВАРДАР

33.КОЛО

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

ТАБЕЛА

1.ВАРДАР 65

2.ШКЕНДИЈА 64

МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР 0:1

ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 0:1

ПретходноСимеоне му врати на Јамал: „Оди играј тенис…!“
СледноФлик се шокира од теренот на “Метрополитано“ и веднаш вложи жалба до УЕФА!(ВИДЕО)