Голема победа за Арсими, свети “црвено” за Пелистер! (ВИДЕО)

329
ФОТО: KF Arsimi/FB

Тимот на Арсими во голема мера си ги зголеми шансите сезонава да обезбеди опстанок,  откако предмалку на свој терен во Гостивар во рамките од 27. коло од ПМФЛ шампионатот успеа да слави со минимални 1:0, над тимот на Пелистер.

Со оглед на фактот што ова беше директен дуел на кандидатите за релегација, може слободно да се каже дека Арсими во вистински момент освои три бода и да си создаде сосема поднослива ситуација.

Стрелец на единствениот гол на овој меч беше Дардишта кој беше најснаодлив во мешаницата во 44. минута пред голот на Пелистер. Ситуација во која што Јовчевски беше немоќен, а Арсими во вистински момент погоди за водство.

Во второто полувреме, и двата тима имаа по некоја ситуација но не ја искористија, и резултатот остана непроменет.

Со ова, Арсими го запоседнува седмото место со сега веќе освоени 35 бода, додека Пелистер е на деветтата со 26 поени.

 

ПретходноЕлион Имери игра за Шведска но е опција за Македонија
СледноДали е ова најбизарниот гол на сезоната?! (ВИДЕО)