Раул Гонзалес го гради Вардар во Србија

406

Екипата на Партизан од следната сезона ќе биде во центарот на вниманието во ракометната јавност. Причината е Раул Гонзлаес и она што го гради во таборот на „црно-белите“. Проектот е налик Вардар со кого шпанскиот стратег освои титула во Лигата на шампиони, како и бројни пехари во домашниот шампионат и во СЕХА-лига.

Шпанецот ги склопува мозаикот, а во него има и поранешни играчи на Вардар. Илија Абутовиќ веќе е потпишан, а истото треба да го стори и Хорхе Македа. И не е само ова , најново име е Владислав Кулеш, белорускиот бек што играше за Келце.

Претходно потпишаа и со Вагнер, Лумбросо, Кос, Абутовиќ и Мигаљон, а продолжија со Русинот Иванов.

ПретходноПретседателот Омерагиќ му посака добредојде на Александар Чеферин (ВИДЕО)
СледноИсејни: Завршна проверка пред влез во натпреварувачкиот систем на УЕФА