Смилковски: Пак ќе кажам, убаво е да си ТФТ! Тафта треба да биде горда на нас!

290

ТФТ го делат две победи од АБА-лига. Тимот од Тафталиџе ја испиша најдобрата кошаркарска приказна во изминатиот период, скромно, без помпа, стигна до финале во АБА2-лига и сега има шанса да го направи она што за многумина македонски екипи изледа невозможно. Во финалето за противник го има составот Широки.

Тренерот Боро Смилковски имаше право на задоволство од она што неговите момци го спроведуваат на терен.

„Ќе почнам со тоа што го кажувам веќе две недели, добро е да си ТФТ вечерва и во изминатиот период. Му се заблагодарувам на Марко, тренерот, кој кажа прекрасни зборови, играч и тренер кој на прекрасен начин ја претставува кошарката како игра. Двата натпревари ги контролиравме од почеток до крај, имаше падови, но заморот си го направи своето. Би ја издвоил контролата на емоциите, која што произлезе од шансата за финале и публиката која беше прекрасна, во секој случај играчите мора да останат со ладни глави и да ги контролираат емоциите, имаме уш­те многу да постигнеме. Идеме чекор по чекор, не очекува финале и домашно првенство. Ќе дадеме се од себе да го завршиме патот кон АБА 1 на најдобар можен начин. Најавувам борба до самиот крај и борба за трофеј. Ќе биде печат за добрата сезона. Тафта треба да биде горда на нас“, изјави Боро Смилковски. 

ПретходноИран ја згасна последната надеж на Италија
СледноАлександар Чеферин во официјална посета на ФФМ: Потврда за силното партнерство и поддршката за македонскиот фудбал