Филаделфија оди на Бостон, Вориорс не се откажуваат – Кари „решеташе“ (ВИДЕО)

116
Фото: Голден Стејт/Твитер

Филаделфија успеа да го уништи Орландо по тесна игра (109-97) во која ниту еден тим немаше повеќе од шест поени предност во првиот половина час од натпреварот.

Тајрис Макси го носеше тимот и на крајот заврши со 31 поен. Бејн имаше 34 поени за гостите.

Значи, Филаделфија оди во Бостон, еден од класиците веќе на почетокот од плејофот. Орландо има уште една шанса, вечерва ги пречекуваат Хорнетс во борбата за последниот билет во Источната конференција.

Голден Стејт не се откажуваат. Тие победија протов ЛА Клиперс со 121-126. Стеф Кари ја отвори вратата кон победата со 35 поени, тој погоди седум тројки и имаше четири асистенции. За домашниот тим, Кавај имаше 21 поен. Вориорс се на половина пат до осмото место, а патот кон Оклахома ги води против Санс вечерва.

ПретходноДовчерашниот стратег на Пелистер е нов тренер на Партизан, ама на женскиот тим!
СледноАлександар Чеферин денеска во посета на Македонија!