Претседателот Омерагиќ му посака добредојде на Александар Чеферин (ВИДЕО)

382

Денеска во специјална, официјална посета на Македонија е претседателот на УЕФА, господинот Александар Чеферин.

Првиот човек на европскиот фудбал, и една од највлијателните личности во светот на фудбалот, на покана на претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, господинот Масар Омерагиќ, денеска претстојува во нашиот главен град. Остварува средби со домаќинот, но и беше почестен да биде гостин и во владата на Република Македонија, каде што беше примен од премиерот Христијан Мицкоски.

Господинот Чеферин од прва рака беше запознаен со моменталните состојби во македонскиот фудбал, но и пошироко, како и за плановите во иднина.

Неговото денешно присуство во Скопје претставува огромна чест но и задоволство за домаќините, но секако и знак дека нештата се движат во вистински правец.

ПретходноАнри: Реал Мадрид мислеше дека е недопирлив, сега навивачите ќе плачат!
СледноРаул Гонзалес го гради Вардар во Србија