Полувреме: Шкендија убедлива во Кавадарци!(ВИДЕО)

117

Шкендија по првите 45.минути има водство од 0:3 на гостувањето кај Тиквеш, во меч од 28.коло. Стрелци на головите беа Мелиќи во 15.минута, Ибраими во 36.минута и Љатифи во 43.минута. Ова е 227 гол на Бесарт во неговата кариера во ПМФЛ. Три шанси за тетовци и три гола, максимална ефикасност на тимот на стратегот Јетон Беќири.

Тиквеш се закани во три наврати преку Лавал, Стојанов и Гуел, но остана само на закана. Стојанов во 43.минута од слободен удар опасно се закани, но Гаје умешно одбрани.

Гостите од Тетово не “притискаа“ премногу, знаат што сакаат и знаат како да дојдат до тоа што го сакаат. Шкендија покажува во првото полувреме како треба да се игра на бодови.

По овие 0:3 се чини дека на Тиквеш му треба чудо да се врати во игра во второто полувреме.



ПретходноЃоковиќ нема да игра ниту на Мастерсот во Мадрид
СледноТурците се обиделе да „украдат“ 11 врвни атлетичари, Светската федерација ги спречи!