Македонија подобра од Романија, ќе игра за 5. место на Медитеранското првенство

1313

Ракометната репрезентација на Македонија која настапува на Медитеранското првенство во Словачка, ќе се бори за петтото место, откако денеска славеше против Романија со 24-23 (3-2 во поени) и го освои третото место во групата А.

Во битката за петтото место, нашите млади ракометари утре ќе се сретнат со Хрватска.

Избраниците на Горан Кузманоски денеска одигра аодличен меч и доминантно дојдоа до победата.

Во нашата група како прва заврши Шпанија со 23,5 поени, Египет е втор со 23 поени, додека Македонија е трета со 18,5 поени.

ПретходноНа Грчевски му истече договорот, Македонија со нов селектор на Европското првенство?
СледноЃоковиќ нема да игра ниту на Мастерсот во Мадрид