Шкендија по првите 45.минути има водство од 0:3 на гостувањето кај Тиквеш, во меч од 28.коло. Стрелци на головите беа Мелиќи во 15.минута, Ибраими во 36.минута и Љатифи во 43.минута. Ова е 227 гол на Бесарт во неговата кариера во ПМФЛ. Три шанси за тетовци и три гола, максимална ефикасност на тимот на стратегот Јетон Беќири.
Тиквеш се закани во три наврати преку Лавал, Стојанов и Гуел, но остана само на закана. Стојанов во 43.минута од слободен удар опасно се закани, но Гаје умешно одбрани.
Гостите од Тетово не “притискаа“ премногу, знаат што сакаат и знаат како да дојдат до тоа што го сакаат. Шкендија покажува во првото полувреме како треба да се игра на бодови.
По овие 0:3 се чини дека на Тиквеш му треба чудо да се врати во игра во второто полувреме.















