Охриѓани подготвуваат инвазија на Струмица

299
ФОТО:.facebook.com/hcohrid

ГРК Охрид се пласираше во финалето на Купот на Македонија, момент кој е историски за овој клуб. Во полуфиналето избраниците на Борис Ројевиќ го победија актуелниот првак Пелистер со 26-19. Охриѓани одиграа одличен натпревар, доминираа од почетокот до крајот.

Во финалето за противник го имаат најтрофејниот ракометен тим, Вардар 1961, дуелот се игра утре (20 часот) во Струмица. Со оглед дека самиот момент е историски, а охриѓани имаат шанса да дојдат и до пехарот, ги повикаа своите фанови да дојдат и да ги бодрат ракометарите. Но, не е само тоа, тие ќе им обезбедат превоз до Струмица.

Сето ова е најава за спектакл на трибините. Вардар 1961 ќе ги има верните „Комити“, додека пак ГРК Охрид – „рибари“. Салата „Парк“ конечно ќе биде исполнета како што долкува за едно натпреварување како што е Купот на Македонија.

ПретходноВМФЛ: Брегалница со огромен скок кон елитата, Скопје, Шкендија (А) и Охрид ГАЗЕА, Победа и официјално во трета лига!
СледноЛидс се поблиску до опстанок, Борнмут гледа кон Европа (ВИДЕО)