„Коцкарскиот“ скандал во НБА добива нов момент, Дејмон Џонс ја признава вината

109

По се изгледа дека скандалот во НБА лигата, и уапсените по повод аферата со обложување ќе добие нов момент.

Имено, како што јавуваат добро информирани инсајдери во целиот случај, еден од уапсените, екс кошаркарот Дејмон Џонс ќе раскаже се што знае за овој скандал, односно ќе признае вина во замена за поблага казна. Правно кажано, ќе соработува со обвинителството.

Поради овој скандал, на крајот на минатата календарска година беа уапсени преку триесет лица меѓу кои самиот Џонс, но и тренерот на Портланд, Чонси Билапс, како и бекот на Мајами, Тери Розир.

Сите овие имале удел во „коцкарска шема“ која што или давака доверливи информации од екипите за повреди и одуства, или пак била дел од измама во покер игри намамувајќи други играчи да учевстуваат во нив.

Па така, Дејмон Џонс истапи прв од сите овие, и прв ќе ја признае вината. Дека своевремено, лиферувал информации кон трети лица околу одуството на поедини мечеви на ни помалку ни повеќе Леброн Џејмс односно Ентони Дејвис.

Првото рочиште на кое што Џонс ќе го промени својот првичен исказ за невин, и ќе признае се е закажано за 6 мај во судот во Бруклин.

Оваа афера оди до таму што разговорите и пораките водат до криминалните семејства, Гамбино, Џеновезе и Бонано, кои што и биле коренот на целата операција според написите.

Тие биле тие за кои што кошаркарите и тренерите всушност, работеле и биле организатори и на покер игрите, кои што набавувале специјални машини за фингирано мешање на картите, и ред други малверзации. Џонс и останатите биле задолжени да намамуваат свои соиграчи да учевствуваат во такви игри.

ПретходноЈовчевски: Ова е можеби најважниот меч сезонава за Пелистер
СледноЕдин Етоски е загубен и тоа не смее да ни се случува