Јовчевски: Ова е можеби најважниот меч сезонава за Пелистер

55

Како стојат работите во моментов во Битола, денешниот меч од 28. коло од ПМФЛ шампионатот, каде што од 15:00 часот на „Петар Милошевски“ гостува Македонија ЃП, е мечот на сезоната за домаќинот.

Нема поинаку како да се долови моментот во кој Пелистер едноставно денеска мора да ги освои трите бода за да си ја поправи ситуацијата на табелата, и влезе во самиот финиш на сезоната со што поголеми шанси за опстанок.

Тоа секако нема да биде лесно од проста причина што противникот, тимот на Македонија ЃП е во идентична ситуација. „Лавовите се на деветтата позиција со 26 бода, додека Пелистер е претпоследен со 27.

„Денеска нè очекува тежок натпревар, многу важен за нас, можеби и најважниот во сезоната. Знаеме со каков противник имаме работа и имаме максимален респект кон екипата на ФК Македонија Ѓорче Петров, меѓутоа ние имаме свои зацртани цели. Ги повикувам сите навивачи и целата јавност утре да дојдат, да ни дадат поддршка од трибините и заедно да славиме нова победа“ – изјави голманот на Пелистер, Андреј Јовчевски.

ПретходноЏангаровски: МЃП има карактер и верба дека ќе успееме во битката за опстанок
Следно„Коцкарскиот“ скандал во НБА добива нов момент, Дејмон Џонс ја признава вината