Ливерпул ќе го врати Цимикас на лето од Рома

31

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека левиот бек Костас Цимикас ќе се врати во неговиот табор по одработената позајмица во тимот на Рома.

Истиот ќе биде замената за во моментов стандардниот Милош Керкез. Во исто време, искусниот стратег дефинитивно потврди дека Енди Робертсон и Мохамед Салах си заминуваат од Енфилд.

„Знаеме дека Енди Робертсон си заминува, знаеме дека Мохамед Салах си заминува. Тоа значи дека мора да замениме двајца играчи, а во исто време знаеме дека Костас Цимикас се враќа. Значи, мислам дека нашата прва цел е да видиме како ќе се справиме на местото на Салах, дали сакаме да го замениме со играч со сличен стил или да пристапиме поинаку“ – изјави Слот.

ПретходноКовентри испиша историја… по 25 години повторно во Премиер лигата
СледноПМФЛ полувреме: Вардар ја искористи доминацијата и има тројно водство против Шкупи