ПМФЛ полувреме: Вардар ја искористи доминацијата и има тројно водство против Шкупи

279

Денешната програма од 28. тековно коло од ПМФЛ шампионатот, вели дека од 13:00 часот на комплексот Петар Милошевски во Скопје се игра градската пресметка помеѓу Шкупи и Вардар.

На полувреме фаворитот очекувано има предност од 3:0, откако промаши серија на шанси и упати неколку удари од далечина.

Закариќ беше првиот кој што се закани и погоди за водство.

Следуваше, неочекувано зицер ситуација за домаќинот, кога Ферати излезе буквално во ситуација еден на еден со Ведран Ќосевски, но искусниот голман одлично интервенираше и спречи израмнување.

Во финишот на полувремето, Давид Бабунски со прекрасен удар од далечина зголеми на 2:0, а потоа, во последната акција од полувремето, Закариќ нафрли на петерецот, а Рустеми си постигна автогол.

 

ПретходноЛиверпул ќе го врати Цимикас на лето од Рома
СледноКуп на Македонија: Билетите за финалето помеѓу ГРК Охрид и Вардар 1961 веќе се во продажба