Во 29-то коло од најсилната лига на Босна и Херцеговина, Сараево го победи Радник во Бјелина со 2:1 со пресврт, откако домашните први погодија во 38. минута, но потоа на сцена стапи нашиот репрезентативец Агон Елези и успеа во судиското надополнување од првиот дел да донесе израмнување за гостите на 1:1.
Победата на Сараево ја донесе Иванишевиќ со гол во првите 10 минути од второто полувреме.
За Елези ова беше шестиот гол во дресот на Сараево оваа сезона и на крајот на средбата сосема заслужено беше прогласен и за играч на натпреварот. Денеска во составот на гостите го немаше Стефан Ристовски.










