Ѓорче Петров лесно со Пелистер за финале во Купот на Македонија

45
фото: Ѓорче Петров - ЖРК (FB)

Екипата на Ѓорче Петров ја оправда улогата на фаворит против Пелистер во првото полуфинале во женскиот Куп на Македонија. Бранителот на трофејот славеше со убедливи 15-37. За противник во финалето ќе го има подобриот од пресметката меѓу Спартак и Чаир.

Овој меч беше решен после едно полувреме, условно кажано гостинскиот тим имаше висока позитива од 5-19 на одморот. За Ѓорче Петров вториот дел само рутинска задача која ја завршија без проблем.

Ѓорѓиевска со 9 гола беше прв стрелец, Дукоска имаше четири погодоци кај победникот. На другата страна Бундоска имаше пет гола.

Второто полуфинале помеѓу Спартак и Чаир стартува во 20 часот.

ПретходноЛидс се поблиску до опстанок, Борнмут гледа кон Европа (ВИДЕО)
СледноПовторно играч на натпревар: Агон Елези со шести гол за Сараево (ВИДЕО)