Един Етоски е загубен и тоа не смее да ни се случува

218

Информацијата дека Един Етоски го потпиша првиот професионален договор со тимот на Јанг Бојс, неговиот единствен засега, матичен клуб за нас потврдува само едно во моментов.

А тоа е дека загубивме еден одличен, перспективен млад офанзивец кој што го имавме во наши раце, но повеќе го немаме.

Етоски кој е роден во Швајцарија и е со потекло од западна Македонија, а беше дел од нашите младински селекции во периодот кога беше дел од У16, и У17 генерациите. Настапи за нас на квалификацискиот У17 турнир и беше повикуван од сега веќе покојниот наш селектор во оваа генерација Дашмир Беари.

Потоа, едноставно исчезна од радарот на нашиот национален тим, за да изненадувачки се појави онаму каде што ние мајмалку сакаме. Во таборот на Швајцарија. За да Етоски одигра десет мечеви за У18 генерацијата, а сега веќе и седум мечеви за У19 на квалификациски турнир. Упростено, за читателите, Един Етоски повеќе нема право да настапува за Македонија, затоа што го промени спортскиот пасош. Македонските селектори едноставно заборавија на него.

Е сега, каде е вината што загубивме вака квалитетен играч, кој што има на 18. години професионален договор со еден од најквалитетните клубови во Швајцарија до 2030 година.

Информациите на Спортспорт, се дека директорот на скаутинг службата Николче Новески при доаѓањето на функцијата веднаш бил запознаен со случајот на Етоски и со целиот свој капацитет, влијание и кредибилитет се обидел да го врати младиот офанзивец во таборот на Македонија. Но веќе било предоцна. Етоски и неговото опкружување ја донеле одлуката да ги променат националните бои, спортскиот пасош и да настапуваат за Швајцарија.

Многу е тешко во таквите случаји Македонија да се бори со една Германија, Италија или пак во случајов Швајцарија. Но, во конкретниов пример, Етоски веќе беше наш репрезентативец и отворено е прашањето што во меѓувреме се случи. Зошто и како претходниците на Новески кои беа задолжени за репрезентативците од дијаспората дозволија Етоски да стане, „Швајцарец“ ќе треба самите да одговорат. Во меѓувреме, ФФМ, скаутинг службата и нејзиниот прв човек, Николче Новески ќе треба да се потрудат, не по своја вина, да најдат достојна замена за него некаде по светот….

Претходно„Коцкарскиот“ скандал во НБА добива нов момент, Дејмон Џонс ја признава вината
СледноКуп на Македонија: Ѓорче Петров по доминација, Пелистер, Спартак и Чаир по историја!