Повторно играч на натпревар: Агон Елези со шести гол за Сараево (ВИДЕО)

45
фото: FK Sarajevo (FB)

Во 29-то коло од најсилната лига на Босна и Херцеговина, Сараево го победи Радник во Бјелина со 2:1 со пресврт, откако домашните први погодија во 38. минута, но потоа на сцена стапи нашиот репрезентативец Агон Елези и успеа во судиското надополнување од првиот дел да донесе израмнување за гостите на 1:1.

Победата на Сараево ја донесе Иванишевиќ со гол во првите 10 минути од второто полувреме.

За Елези ова беше шестиот гол во дресот на Сараево оваа сезона и на крајот на средбата сосема заслужено беше прогласен и за играч на натпреварот. Денеска во составот на гостите го немаше Стефан Ристовски.

ПретходноЃорче Петров лесно со Пелистер за финале во Купот на Македонија
СледноПелистер му се реваншираше на Кожув, Ангели со прва-вистинска победа сезонава