Полувреме во Битола без голови: Пелистер “притиска“, имаше и неколку шанси, ама „лавовите“ се одбранија!

113
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola

Пелистер – Македонија ЃП 0:0 по првите 45.минути во меч од 28.коло во ПМФЛ, кој се игра денеска на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола. Просто е неверојатно како Пелистер не успеа да обезбеди водство и тоа изразено со неколку голови разлика. Момците на стратегот Марјан Секуловски во текот на целото прво полувреме „притискаат“, создадоа барем 5-6 шанси, но не успеаја да го пронајдат патот до мрежата на гостинскиот голман Јанков.

Булатовиќ во три наврати, Спировски двапати, потоа Крстевски и Керим можеа и мораа да му донесат водство на својот Пелистер. Посебно во таа 31.минута кога Спировски со глава шутираше а Пецов исто со глава ја извади топката од гол – линијата. Гостите преку Џангаровски во 33. и преку Ајдоган во 42.минута можеа да го шокираат домашниот состав.

Ова е меч од екстремно значење и за двете екипи во битката за опстанок.

ПретходноМилан Ристовски “тресе“ за Бохемијанс! (ВИДЕО)
СледноКаде исчезна Златан Ибрахимовиќ, се прашуваат фановите во Италија