Екипата на Ѓорче Петров ја оправда улогата на фаворит против Пелистер во првото полуфинале во женскиот Куп на Македонија. Бранителот на трофејот славеше со убедливи 15-37. За противник во финалето ќе го има подобриот од пресметката меѓу Спартак и Чаир.
Овој меч беше решен после едно полувреме, условно кажано гостинскиот тим имаше висока позитива од 5-19 на одморот. За Ѓорче Петров вториот дел само рутинска задача која ја завршија без проблем.
Ѓорѓиевска со 9 гола беше прв стрелец, Дукоска имаше четири погодоци кај победникот. На другата страна Бундоска имаше пет гола.
Второто полуфинале помеѓу Спартак и Чаир стартува во 20 часот.










