Џангаровски: МЃП има карактер и верба дека ќе успееме во битката за опстанок

56

Денеска во рамките од 28. коло од ПМФЛ шампионатот во Битола, на стадионот Петар Милошевски, од 15:00 часот ќе се сретнат екипите на Пелистер и Македонија ЃП.

Уште еден од серијата дуели кои што периодов ќе ги гледаме, а се однесуваат на битката за опстанок, односно кои екипи ќе ги гледаме во ПМФЛ, а кои во второлигашката конкуренција следната сезона.

Македонија ЃП како тим, има доста квалитет во себе, пред се во младите и надежи македонски младински репрезентативци.

Еден од нив секако е Мартин Џангаровски, кој што во континуитет е споменуван како еден од нашите најдобри млади фудбалери. Има сериозна прволигашка минутажа, иако е генерациј, 2008, и веќе е стандарден репрезентативец.

„Очекуваме многу тежок и борбен натпревар против ФК Пелистер. Станува збор за директен конкурент и знаеме колку значат бодовите. Ние сме максимално фокусирани, подготвени и веруваме во нашите квалитети дека можеме да дојдеме до позитивен резултат.Нема место за такви мисли. Додека постојат и теоретски шанси, ние ќе се бориме до крај. Тимот има карактер и верба и ќе дадеме максимум на секој натпревар.Во вакви натпревари најважно е да се биде дисциплиниран, фокусиран и да се игра како тим. Деталите одлучуваат, затоа треба ја искористиме секоја шанса што ќе ни се укаже“ – вели Мартин Џангаровски за денешниот натпревар во Битола.

Претходно„Чкембарите“ во напад со работен наслов: Баравте проблем, го добивте (ВИДЕО)
СледноЈовчевски: Ова е можеби најважниот меч сезонава за Пелистер