Неочекувано Барса ќе добие 11 милиони евра?!

241
ФОТО: FC Barselona/X

Барселона би можела да добие неочекувана финансиска инјекција од француската Лига 1, а таа се поврзува со заборавениот Ансу Фати.
Шпанецот моментално е на позајмица во Монако од Барселона до крајот на сезоната, а овој клуб сака да му понуди перманентен договор, кој пред неколку години се сметаше за едно од идните големи имиња во фудбалот, но неколку повреди имаа негативно влијание врз потенцијалот на Фати. Според „Мундо Депортиво“, Монако е подготвен да плати 11 милиони евра на Барса за Ансу Фати, чиј договор со Каталонците истекува во 2028 година.
Оваа сезона, Фати има 9 гола на 25 натпревари за Монако, каде што се подготвени да го потпишат трајно, но под услов играчот да прифати намалување на платата.

Претходно“Специјалниот“ е спремен да се врати на “Сантијаго Бернабеу“!
СледноПартизан ја доби „АБА“ пресметката против Црвена Звезда