ПМФЛ: Стружани го “НАПОЛНИЈА“ Башкими среде Куманово!

201
ФОТО: FC Struga/FB

Во последниот меч од 28.коло во ПМФЛ, Струга ТЛ како гостн попладнево успеа да слави на гости кај Башкими со 0:4. Стрелци на головите беа Компаоре два, Малески и Илиевски. Ова е трета победа сезонава на Струга ТЛ против Башкими во исто толку мечеви со гол разлика 15:0.

Уште во 6.минута гостите можеа да го “отворат“ резултатот, но сепак Маудо од само 3-4 метри и домашниот гол не успеа да донесе радост за струажани. Башкими тргна офанзивно, следуваа неколку шанси пред голот на Ангелети, но гол немаше па немаше. Алими во 9.минута шутираше силно, но Ангелети беше на своето место. Седум минути подоцна и Ор беше во шанса, но и сега немаше водство на кумановци. И Аворнио беше во шанса, но и тој не успеа да донесе радост за Башкими. Во 36.минута работите и тоа како се сменија на теренот кога судијата Пилешков му покажа директен црвен картон на Хасан заради старт врз Малески. Токму Малески во 41.минута имаше зицер за водство на Струга ТЛ, но на гол чекавме до 45+3.минута кога Компаоре убаво се снајде пред гостинскиот гол за 0:1. Резултат со кој се замина на пауза. Ова за најдобриот стрелец во ПМФЛ сезонава беше 16.гол.

Во второто полувреме иако со играч помалку, кумановци се обидуваа да дојдат до израмнување, но се виде дека квалитетниот состав на на Струга ТЛ знаеше како треба за да го задржи тоа минимално водство.

Во тој период Бојку можеше да зголеми на 0:2, а Башкими преку Зука се закани по гостинскиот гол.

Во 74.минута Малески имаше уште една шанса, сега за 0:2, но Јашар уште еднаш успеа да го сочува својот гол.

Но, затоа Компаре ја покажа сета своја голгетерска класа во 80.минута со својот втор гол на овој меч или 17.вкупно сезонава. Со овој гол и дефинитивно тој стави печат на победата на Струга ТЛ.Ова не беше се од Струга ТЛ. Малески сепак постигна гол денеска во Куманово и тоа во 82.минута, ова беше негов 15-ти гол сезонава.

Илиевски во 85. стрелаше за 0:4, па така со овој резултат заврши овој меч.

ПретходноМОК го одржа традиционалниот Олимписки пикник во знакот на спортот и пријателството
СледноРабио му донесе победа на Милан кај Верона!