Специјалци на МВР ги евакуираа фудбалерите на Струга ТЛ од стадионот на Башкими! Со камења по автобусот на стружани!

1382

Скандал во Куманово. Голем скандал кој не треба никако да се заврши без остри казни и санкции кон ФК Башкими. Имено по мечот, на кој Струга ТЛ успеа да победи со 0:4 се случувал вистински хаос. Имено домашните незадоволни од ваквиот исход, сакале да се пресметаат со гостинските фудбалери, засега немаме информација дали бил некој удрен. Следувало хаос, играчите биле „затворени“ во соблекувалната и не можеле да искочат надвор. Во тие моменти биле повикани специјаци на МВР кои ги извадиле играчите на Струга ТЛ.

За среќа сега тие се на сигурно, а во меѓувреме со камења и разни предмети било фрлено по нивниот автобус кој бил на некои места оштететен. Сега се прави записник и секако дека ќе следува реакција и на МВР, а пред се на Струга ТЛ.

ПретходноДонарума што правиш?….. Италијанецот со грешката на кариерата во најважниот дуел сезонава (ВИДЕО)
СледноКуп на Македонија: Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата – го освои 19. пехар (ФОТО)