Дон Флорентино до ѕвездата на Реал: “Најдобро е да одиш…!“

411
ФОТО: Real Madrid FC/X

Лоша е ситуацијата во Реал Мадрид,посебно по елиминацијата во ЛШ од Баерн Минхен.
Најтешкото за претседателот на клубот, Флорентино Перез, е што ова најверојатно ќе биде втора година по ред во која ќе останат без трофеј, бидејќи има мали шанси да станат шампиони на Шпанија.
Во Ла Лига, тимот на Реал е втор на табелата, но „Кралевите“ имаат дури девет бода помалку од Барселона. Со денови се шпекулира дека Перез целосно го изгубил трпението и е решен да се ослободи од сите играчи кои не ги оправдаа очекувањата оваа сезона.
„Марка“ наведува дека само тројца играчи се безбедни, имено Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингам, додека за сите други нема гаранции дека ќе го носат дресот на Реал Мадрид следната сезона.

Еден од новите на листата на „отпишани“ е аргентинскиот играч од средниот ред Франко Мастантуоно, кој пристигна од Ривер Плата дури минатото лето. Реал издвои дури 45 милиони евра за овој 18-годишник, но клубот верува дека тој сè уште не е доволно зрел за да биде стандарден играч во кралскиот клуб и дека му недостасуваат такви искуства.
„Најдобро е да одиш на позајмица, ова е за твое добро, но и за наше добро“, беше пораката за Аргентинецот, според Марка. Затоа Перез смета дека е најдобро Аргентинецот да оди на позајмица на лето, а Мастантуона веќе е информиран за неговата одлука.
Иако беше решен да остане и да се докаже, доби порака од клубот дека сериозно ќе ги разгледаат понудите за позајмица и дека веројатно ќе игра за друг клуб следната сезона.

ПретходноКуп на Македонија: Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата – го освои 19. пехар (ФОТО)
Следно„Лавиците“ од Ѓорче не го даваат пехарот, МВП признанието за Гугуљанова (ФОТО)