По првите 45.минути попладнево на Арената во Скопје, во меч од 28.коло во ПМФЛ, Работнички и Арсими играат без голови. Ова е еден од најважните мечеви сезонава и за едната и за другата екипа во битката за опстанок. Сепак немаше шанси, уште помалку голови. Многу тактика и чување на својот гол по секоја цена. Демири во 36.минута се закани од околу 30 метри, но тоа беше непрецизно.
Јасно е дека и од двете екипи се очекуваше многу повеќе ако се знае дека и Работнички и Арсими се во добра форма во последен момент.
На Арсими му одговара и реми, но затоа Работнички мора, ама баш мора да го добие овој меч ако сака и натаму да ги задржи своите шанси за избегнување на оние позиции кои водат директно во ВМФЛ.















