Скандал во Куманово. Голем скандал кој не треба никако да се заврши без остри казни и санкции кон ФК Башкими. Имено по мечот, на кој Струга ТЛ успеа да победи со 0:4 се случувал вистински хаос. Имено домашните незадоволни од ваквиот исход, сакале да се пресметаат со гостинските фудбалери, засега немаме информација дали бил некој удрен. Следувало хаос, играчите биле „затворени“ во соблекувалната и не можеле да искочат надвор. Во тие моменти биле повикани специјаци на МВР кои ги извадиле играчите на Струга ТЛ.
За среќа сега тие се на сигурно, а во меѓувреме со камења и разни предмети било фрлено по нивниот автобус кој бил на некои места оштететен. Сега се прави записник и секако дека ќе следува реакција и на МВР, а пред се на Струга ТЛ.















