Струга Трим Лум игра во променлива форма во последниот период, а интересно е дека многу подобро игра на гостувањата отколку пред своите гледачи. Денеска тимот на Бледи Шкемби го очекува гостување во Куманово и дуел со Башкими.
По две убедливи победи оваа сезона против Башкими, гамбискиот дефанзивец Маудо Жарже вели дека Струга Трим Лум е подготвена за уште една победа, со цел да го задржи третото место на табелата.
„Подготвени сме повторно да се бориме и повторно да победиме против нив. Оваа недела се подготвивме многу добро за да ја оствариме нашата цел, триумф и три бода“, изјави фудбалерот на Струга Трим Лум.
Стружани на двата натпревари оваа сезона против Башкими постигнаа 11 гола, а не примија ниту еден. Славеа со 6-0 на домашен терен, а беа мошне убедливи и на гостувањето во Куманово, победувајќи со 0-5.
Натпреварот меѓу Башкими и Струга Трим Лум се игра денеска, на Градскиот стадион во Куманово, со почеток во 15 часот.















