Полувреме во Куманово: Компаоре за водство на Струга ТЛ, Башкими остана со играч помалку!

90
ФОТО:.facebook.com/Fcstruga

Башкими – Струга ТЛ 0:1 е резултатот по првото полувреме од последниот натпревар од 28.коло во ПМФЛ. Стрелец на голот бепе Компаоре, за кого ова беше 16-ти гол сезонава. На овој гол му претходеа неколку изгледни шанси на двете страни. Башкими во 36.минута остана со играч помалку откако судијата Пилешков му даде директен црвен на Хасан по стартот на Малески.

Маудо можеше да го отвори резултатот уште во 6.минута, но Струга ТЛ не успеа да дојде до рано водство. Следуваа шансите на Алими, Ор и Аворнио, но гостинскиот голман Ангелети секогаш беше одличен. Малески имаше зицер во 41.минута, но сега домашниот голман Јашар се истакна. Се играше 45.минута кога Компаоре успеа да ја затресе мрежата за 0:1, со тој резултат се замина на пауза.

ПретходноПотврда и од РФМ: Регионалната лига ќе стартува во 2027!(ФОТО)
СледноБрегалница им се заблагодари на своите фанови за поддршката! (ФОТО)