Трумчи: Шкендија посакува пласман во финалето уште утре

103

Актуелниот бранител на титулата во домашниот фудбалски шампионат, тимот на Шкендија, сезонава е пред потенцијален успех во Купот на Македонија. Тетовци се дел од полуфиналето, каде што утре со почеток од 14:00 часот ќе се сретнат со тимот на Шкендија од Арачиново. Амбициозниот второлигаш кој што несомнено посакува успех во ова натпреварување.

На денешната официјална прес конференција пред утрешниот дуел, првотимецот на Шкендија Тетово, Александар Трумчи го изнесе своето мислење околу утрешниот прв меч од полуфиналето.

„Максимално почитување за гостите, тие покажаа сериозен квалитет во Втората лигa. Мора да го дадеме максимумот во првиот натпревар за да избегнеме изненадувања. Мислам дека пред сè ова е братски натпревар каде што двете Шкендии се соочуваат една со друга во полуфинале на Купот. Ќе биде многу тежок и интересен натпревар, и за нас играчите и за јавноста. Јас лично го доживувам овој дуел како повод за многу убава атмосфера, а кога е така , и ние се чувствуваме доста добро на теренот. Мораме многу да го почитуваме гостинот бидејќи е силен тим кој се снаоѓа многу добро во втората лига и се стреми кон елитата. Тие имаат многу добри настапи и имаат квалитетни играчи во составот, па затоа мора да бидеме сериозни и да го дадеме максимумот за да го добиеме овој натпревар. Во фудбалот има три можни исходи, но не смееме да дозволиме никакви изненадувања во ниту еден момент. Преокупирани сме со тоа и решени да го извлечеме најпозитивниот резултат од првиот натпревар. Најдобро е да не го оставаме потенцијалниот пласман во финалето за реваншот, па затоа ќе бараме победа утре на наш терен. Кога ќе играат меѓу себе овие два тима, дефинитивно има нешто повеќе од само меч, и има позитивен аспект кај јавноста. Тоа е натпревар кој со нетрпение се очекува тука во Тетово и во Скопје, па се надевам дека ќе одиграме добро за да ја направиме оваа голема фудбалска прослава вредна“ – изјави Трумчи.

ПретходноВасоски: Охрид е квалитетен, но ние ќе пробаме да решиме многу нешта уште на првиот меч
СледноУбава вест за ракометарите: Најмалку 100-на фанови ќе ги бодрат во Прешов