МЗТ Скопје и Тиквеш ќе ги „лечат раните“!

51

МЗТ Скопје и Тиквеш го отвораат третото коло во Топ 6 фазата во Супер-лигата. И двата тима во оваа пресметка влегуваат откако беа поразени во минатото коло. Актуелниот првак беше совладан од ТФТ на гостински терен, додека пак кавадарчани од најпријатното изненадување Маџари на домашен терен.

За кошаркарите на МЗТ Скопје двата бода ќе значат продолжување на битката за првото место, додека за Тиквеш надеж дека можат да влезат во првите четири екипи во плеј-офот.

МЗТ Скопје е голем фаворит, бидејќи во поновата историја не памети пораз од кавдарчани.

Натпреварот се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18 часот.

ПретходноГранде Пандев на денешен ден стигна до „стотката“ во Серија А (ВИДЕО)
СледноВасоски: Охрид е квалитетен, но ние ќе пробаме да решиме многу нешта уште на првиот меч