Вујо со порака: Вардар е најголемиот клуб која го дала Македонија (ВИДЕО)

190
Човекот кој испиша важен дел од историјата на клубот, миленикот на навивачите, Веселин Вујовиќ-Вујо, по повод 65 роденден на РК Вардар, упати порака и покана до сите навивачи, да присуствуваат на натпреварот во четврток, против екипата на Алкалоид.

„Ве повикувам да дојдете на натпреварот Вардар – Алкалоид, Тоа е меч на кој ќе се одбележи 65 години од основањето на клубот – најголемиот клуб која го дала Македонија. Ги повикувам сите навивачи, сите „Комити“, сите љубители на ракометот, за заедно да го прославиме 65. роденден“, кажа Вујо во видео-пораката.

ПретходноСонот на Перез: Клоп на клупата а потпис со Халанд, Олисе, Витиња…!
СледноТФТ на две победи до историја: Широки е одличен тим, финалето ќе биде возбудливо!