ТФТ на две победи до историја: Широки е одличен тим, финалето ќе биде возбудливо!

141

ТФТ денеска ќе испише нова клупска историја. Македонскиот тим го игра првиот финален натпревар во АБА2-лига за пласман во јадранската елита. Противник на тренерот Боро Смилковски и неговите избраници е тимот на Широки, мечот се игра со почеток во 20:30 часот, а ТФТ е гостин.

„Не го очекувам првиот натпревар од финалната серија, против екипата на Широки. Исклучително тежок предизвик против противник кој игра модерна и одлична кошарка. Потребна ни е голема концентрација и внимание на деталите, особено во дефанзивната транзиција во обид да не дозволиме лесни поени на противникот. Свесни сме за сопствениот моментум на добри игри и резултати, нешто што ни ја крева самодовербата во ова финале. Сигурен сум дека ќе го дадеме својот максимум во обид да постигнеме позитивен резултат“, истакна Смилковски. 

Виктор Ташовски, кој е еден од лидерите на ТФТ очекува тежок меч, но тој и неговите соиграчи ќе се обидат да одиграат максимално во финалето со надеж дека ќе обезбедат место во АБ1-лига.

„Не очекувам тежок натпревар на гости како за почетокот на финалната серија. Широки е одличен тим и игра одлична кошарка. Ќе се потрудиме пласманот во финалето да го крунисаме со титула и пласман во АБА 1. Очекувам интересно и возбудливо финале и нека победникот биде подобар.“

ПретходноВујо со порака: Вардар е најголемиот клуб која го дала Македонија (ВИДЕО)
СледноКомпани одби да биде стручен коментатор за време на Мундијалот: Би останал без семејството!