Алисон се враќа во Серија А, постигнал договор со Јувентус

33
фото: Fabrizio Romano (X)

По 8 години поминати во англискиот гигант, Алисон Бекер ќе го напушти Ливерпул на крајот на оваа сезона. Според информациите кои доаѓаат од Италија, искусниот бразилски голман постигнал устен договор со екипата на Јувентус.

Пред да потпише со Ливерпул, Алисон ги бранеше боите на Рома, која во тоа време беше предводена од моменталниот тренер на Јувентус, Лучијано Спалети. Со оглед на падот на формата и зголемениот број на повреди, Алисон размислува да се врати во добро познатата средина, а како главен кандидат за неговиот потпис веќе подолго време е Јувентус. Сепак, останува да го видиме ставот на Ливерпул во однос на овој трансфер.

Оваа сезона, Алисон одигра само 25 натпревари и прими 30 погодоци. Неговиот договор со Ливерпул важи до 2027 година.

ПретходноБаерн го совлада Леверкузен и остана во трката за тројна круна
СледноСити го совлада Барнли и го презеде врвот во Премиер Лигата