Сити го совлада Барнли и го презеде врвот во Премиер Лигата

60

Фудбалерите на Манчестер Сити одиграа уште еден одличен натпревар и минимално ја совладаа екипата на Барнли со 0:1. Момците на Пеп Гвардиола ја продолжија фантастичната форма и го превзедоа врвот на табелата во најсилната лига на светот.

„Граѓаните“ го решија прашањето на победник уште во 5-тата минута откако Ерлинг Халанд ја затресе мрежата на домаќините. До крајот на мечот и двете екипи имаа неколку шанси, но мрежите мируваа. Со оваа победа Манчестер Сити се наоѓа на првото место со 70 бода, исто толку има и второпласираниот Арсенал, а Барнли е се поблиску до враќање во Чемпионшип и се наоѓа на 19-тото место со само 20 бода.

На вториот натпревар кој се одигра вечерва Бормут и Лидс ремизираа со 2:2. Головите ги постигнаа Крупи, Рајан, Лонгстаф и Хил кој си постигна автогол. Со ова реми Бормут остана во трката за ТОП-6 и го прескокна Челзи на табелата. Лидс е на 15-тото место и се чини дека нема да има проблеми со опстанокот во Премиер Лигата.

ПретходноАлисон се враќа во Серија А, постигнал договор со Јувентус