Екипата на Баерн Минхен ја совлада екипата на Баер Леверкузен со 0:2 во полуфиналето од германскиот куп. „Баварците“ својот противник во финалето ќе го дознаат по натпреварот помеѓу Фрајбург и Штутгарт.
Фантастичниот Хари Кејн постигна уште еден погодок и му донесе водство на својот тим во 22-та минута. Баерн го чуваше водството до крајот на мечот, а во последните секунди Луис Дијаз ја запечати победата на својот тим.
Со оваа победа екипата на Венсан Компани остана во трката за освојување на тројната круна оваа сезона.










