ТФТ не успеа да приреди изненадување на првата финална пресметка во АБА2-лига, беше убедливо поразен од Широки со 88-69. Избраниците на Боро Смилковски одиграа две различни полувремиња. Во првото беа на ниво на задачата, додека веќе во второто полека го губеа ритамот.
„Честитки за заслужената победа за Широки. Во првото полувреме игравме добра кошарка, во второто полувреме малку паднавме и го изгубивме фокусот. Не бевме концентрирани, особено на чувањето на Трис, а публиката се разбуди, што беше одлично. Можеби на крајот резултатот не е реален, но тоа не ја намалува победата на домашниот тим. Имаме уште еден натпревар во Скопје и ќе направиме сè за да победиме“, изјави Смилковски.
Мечот во Скопје е закажан за 29 април.










