Столе Димитриевски во тимот на колото во Ла Лига

100
VALENCIA FACEBOOK

Македонскиот репрезенаттивен гомна, Столе Димитриевски со оценка 8.8 се најде во најдобриоте единаесет за изминатото коло во шпанската Ла Лига.
Нашиот интернационалец имаше супер меч на гостувањето кај Мајорка, каде со својата Валенсија одигра 1:1, и е убедливо најзаслужниот што гостите на овој меч не загубија.

Димитриевски имаше вкупно седум успешни одбрани, од кои три до четири беа сериозни шанси за домаќинот да постигне уште еден гол.

Голманот полека но сигурно покажува зошто Валенсија се одлучи своевремено да го купи од Рајо Ваљекано. И покрај малата минутажа, и недавањето шанса пред конкуренцијата, Димитриевски стрпливо чекаше да застане меѓу диреците и еве очигледно ги дочекува своите „пет минути“ и во дресот на клубот од Местаља.

ПретходноТурција се враќа на календарот на Формула 1
СледноСега и официјално: Душебаев по 12 години заминува од Киелце!(ФОТО)