Турција се враќа на календарот на Формула 1

35
None

Раководството на Формула 1, даде зелено светло, трката за големата награда на Турција да се врати на календарот.

Стазата Истанбул Парк се враќа дефинитивно во сезоната 2027 година, и ќе има договор за настапи на неа до 2031 година.

Турција последен пат беше на програмата во 2020 односно 2021 година, а токму на оваа патека своевремено Луис Хамилтон ја обезбеди својата седма титула.

Истанбул Парк прв пат се појави во 2005 година, и е една од технички најтешките патеки за возење.

ПретходноПрестиани доби шест меча суспензија од УЕФА
СледноСтоле Димитриевски во тимот на колото во Ла Лига