Играчот на Бенфика, аргентинецот Џалука Престиани, доби шест меча суспензија од страна на УЕФА, поради инцидентот со Винициус Жуниор за време на мечот од Лигата на Шампоните против Реал Мадрид.
Тогаш Престиани во вербален кличн со Винициус рекол нешта кои се окарактеризирани како хомофобични и расистички, а се знае дека УЕФА не толерира такви нешта.
„Сакам да разјаснам дека во ниту еден момент не упатив расистички навреди кон Вини Џуниор, кој за жал не разбра правилно што мислеше дека слушнал. Никогаш не сум бил расист кон никого и жалам за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид“, рече Престиани.
УЕФА појасни дека Престиани веќе еден меч од оваа суспензија одлежал, а тоа е токму реваншот против Реал во Мадрид.










