Неверојатно: Судија пријавил дека му биле украдени 2.500 денари на меч во Крива Паланка!

244
Фото: КФСМ

Просто неверојатно, просто да си замислиме каде живееме. Имено случката се случила во Крива Паланка и тоа за време на натпреварот меѓу Крива Паланка и Вардар во полуфиналето од плеј-офот во женската кошаркарска лига.

Судијата на овој меч Борјан Божиновски влегол во конфликт со организаторите на мечот истакнувајќи дека му се украдени 2.500 денари од судиската соблекувална.

Еве што е запишано во записникот:

Некоректно однесување на лицето Белешковски В. за што добил официјална опомена. Претходно, односно веднаш по завршување на натпреварот(бидејки за време на натпреварот а особено пред крај, имало постојани поплаки за судењето), делегатот почекал со затворањето на записникот 15мин. (како што предвидуваат пропозициите, a суидиите се упатиле во соблекувална да се пресоблечат), за во случај да не има официјална жалба за судењето од страна на домаќинот. Истото не било сторено од нивна страна во предвиденото време (немало поднесено официјална жалба), и на двете екипи им биле предадени лично од страна на делегатот по еден примерок од записникот. Делегатот се упатил надвор од салата кон своето возило каде ги чекал судиите да дојдат за да тргнеме за Скопје. После извесно време слушнал дека има некаква многу бучна расправија и решил да се врати во сала за да види во што е проблемот.

Имало вербална расправија-објаснување, помеѓу судијата Борјан Божиновски и организаторот на натпреварот (Ведран Белешковски, сопругата негова како и тренерот Виктор Петровски). Делегатот се вмешал во обид да дознае што навистина се случило и зошто е таа расправија и добил објаснување од Борјан Божиновски дека после натпреварот приметил дека во неговиот новчаник му фалат 2500 ден.

Судијата се обидел да му се обрати на Ведран Белешковски, сакал да го праша т.е. да му каже дека некој влегол во соблекувална и му украл пари бидејки на истата немало клуч, но за жал добил непријатен, негативен одговор со зборовите дека не сака и нема што он да разговара со него. Тука настанал целиот проблем, па дури дојшло и да има обвинувања од
страна на организаторот за наводна лична навреда и закана од страна на Борјан Бошиновски кон организаторот (додека делегатот бил внатре во сала не слушнал ништо што би било толку страшно и навредливо, но не знае што навистина се случувало додека бил надвор). Делегатот се обидел да ја смири ситуацијата, да се смират страстите и да се реши мирно
проблемот, но за жал успел да го смири само Борјан Божиновски но не и организааторот, кој решил да го пријави целиот случај во Полиција. Припадници на МВР дошле за кратко во сала, им било објаснето за целата случка од страна на сл.лица, ги сослушале нив и организаторот, бил направен полициски записник, и од нив биле земени изјави. Лицата од МВР го
прашале Борјан Божиновски дали сака да се поведе официјална постапка за тоа што му биле украдени пари но он одбил, а се со намера да не се крева премногу врева околу целата ситуација. За крај делегатот го наведува и крајно непристојното однесување на Ведран Белешковски“, стои во билтенот на МКФ. 

ПретходноПелистер лесно до убедлива победа против ТФТ!
СледноФото на денот: Штип слави – ШАМПИОНИ, ШАМПИОНИ…едноставно најдобри!