Штета. Македонскиот репрезентативец и интернационалец Никола Серафимов е повреден и нема да биде дел од викенд големото дерби на Софија, помеѓу екипите на Левски и ЦСКА.
Стоперот го повреди рамото, и ќе биде десетина дена во „аут“ што се вели. За среќа, повредата не е од сериозен карактер и тој наскоро ќе се врати на тренинг.
Никола Серафимов и неговиот Левски во моментов се лидери на табелата во шампионатот на Бугарија со 70 поени, десет повеќе од второпласираниот Лудогорец.
Тој ги стартуваше последните два дуела за тимот и ги одигра комплетно мечевите против Арда односно ЦСКА.










