По тешкиот пораз од Вардар, фудбалерите на Шкупи веќе се фокусирани на следниот предизвик. Денеска, во рамките на 29-тото коло од Првата лига, тие му гостуваат на тимот на Арсими во Гостивар. Додека домашните се под императив да освојат бодови за опстанок, Шкупи во овој дуел влегува со голема желба конечно да ја запише првата сезонска победа против овој противник. Младиот фудбалер на Шкупи, Ендрит Акику, пред натпреварот истакна дека тимот е максимално мотивиран без разлика на околностите.
„Не е важно дали играме со млади или со искусни фудбалери. Ние сме Шкупи и во секој натпревар влегуваме со цел да го дадеме максимумот. Не се плашиме од никого. Тука сме да ги браниме боите на клубот до последната секунда. Очекуваме фер игра и ќе се бориме за позитивен резултат“, изјави Акику.
Тимот на Арсими се покажа како „незгоден“ противник за Шкупи оваа сезона, доминирајќи во досегашните пресметки во Прва Лига, Арсими славеше во двата натпревари (4-2 и 3-0).
Арсими победи на последниот пријателски натпревар (1-0), додека единствениот триумф на Шкупи датира од пријателскиот меч на 23 март 2024 година (3-1).
Натпреварот помеѓу Арсими и Шкупи ќе се одигра денеска (петок, 24 април) на стадионот во Гостивар со почеток во 12:00 часот.















