Во рамките од 29. тековно коло во ПМФЛ шампионатот, лидерот Вардар на Арената Тодор Проески утре со почеток од 16:00 часот го пречекува тимот на Тиквеш.
Вардар мора да добие се до крајот на шампионатот, ако сака да го подигне пехарот на крајот од истиот, а за да го направи тоа мора да ја има максималната поддршка од трибините.
Навивачката група Комити по кратката апстиненција од мечевите на нејзиниот омилен клуб, викендов се враќа на западната трибиниа. Веќе неколку дена се најавува навивачка офанзива, и сплотување на групата и на нејзините редови.
Па така, на денешниот тренинг на ФК Вардар, Комитите ја „опремија“ екипата со најновата верзија на шалови, со порака дека на утрешниот меч сите присутни треба да имаат ваков реквизит со себе.















