Нов шок и тоа каков за селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, но и за сите милиони фанови во таа земја. Имено Едер Милитао, кој е клучен дефанзивец на селекцијата на Бразил е повреден и ќе паузира најмалку четири месеци. Тоа значи дека стоперот на Реал Мадрид нема да игра на СП 2026 кое започнува за помалку од два месеци.
Ова значи дека по Родриго и Естевао, Дон Карло нема да може да смета и на Милитао, на сите тројца поради повреди.
Инаку Милитао се повредил на вчерашниот меч на Реал Мадрид на гости кај Бетис, односно ја обновил повредата на задната ложа.










